Рама: Косово влегува во драматичен судир со евроатлантската заедница
Косово влегува во драматичен судир со евроатлантската заедница, констатира албанскиот премиер Еди Рама на денешната прес-конференција, на која го најави и одложувањето на заедничката седница на владите на двете земји што требаше да се одржи утре.
– Имаме многу проблеми, бидејќи Албанија не е НЛО, не работи изолирано, а односот на Албанија со Косово е братски однос. Албанија е земја која е нераскинлив дел од евроатлантската заедница, членка на НАТО и нема шанси Албанија да се помести од оската на евроатлантската заедница, нагласи Рама.
Згора на тоа, продолжи Рама „ви кажав и претходно, ние не мислиме 99, туку 100 отсто идентично како што мислат нашите сојузници во овој случај“.
– Како што ви кажав дека кога некои од партнерите им рекоа на Албин и на косовските власти да не ги одржуваат изборите на север, јас бев 100 отсто со Албин и косовските власти дека изборите треба да се одржат, бидејќи бојкот на Србите не можеше да добие статус на фатален инструмент за Република Косово, дека не сакаме да учествуваме на избори и тие не може да се одржат, рече Рама, додавајќи дека, „во тој случај и јас дадов мој скромен придонес за да партнерите би разбрале дека не станува збор за лудило на Албин, туку за мене принципиелен и коректен став“.
Но денеска, нагласи Рама, „не го делиме мислењето за начинот на кој се постапува, и ние како држава сме 100 отсто против начинот на кој се постапува“.
– Односите на Албанија со евроатлантската заедница и позицијата што Албанија ја доби во оваа заедница, каде што денес е на највисоката точка во својата историја, никој и од која било причина не може да ги доведе во прашање, а уште помалку да ја доведе во прашање дискусија за ситуација во која на Косово му се заканува, од необјаснива причина, неуспех и погрешна стратешка процена, рече Рама. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…