Апасиев со порака од собраниската говорница: Врие Македонец!

t

Во Собранието на Република Македонија за денес има најавено да се одржат десет седници, односно ќе бидат одржани – 117, 41, 66, 91, 95, 99, 100, 111, 112 и 115 – Седница. Ваквата (не)организација во функционирањето на Собранието во главно доаѓа како резултат на две причини:

Првата е неделовничкото работење на Талат Џафери, кој постојано прави правни акробации при толкувањето на деловникот, што доведува до прекин на Седниците, презакажувања и т.н. А втората е недисциплината на пратениците од мнозинството на СДСМ и ДУИ, каде партиите се среќаваат со проблем да си ги соберат пратениците по ходниците и кафеаните, а и честото непојавување во собраниските простории е пракса, по што Собранието нема кворум за работа и донесување на полноправни одлуки.

Лидерот на Левица – Димитар Апасиев денес на собраниската говорница се појави со пораката „Врие Македонец“, – лозунг што за време на протестите против т.н. француски предлог беше еден од најчесто користените. Оваа порака пратеникот ја испрати во моментот кога СДСМ и ДПМНЕ, пред јавноста ја обзнанија својата широка коалиција и соработка зад затворени врати, за која Левица предупредува со години. Софиската платформа и внесувањето на Бугарите во уставот очигледно помогна маските да паднат и коалицијата да се обзнани.

Вчера, во интервју на поткастот „Тешки муабети“, портпаролот на Левица, повторно потсети на тајните средби на Мицкоски и Ковачевски под посредништво на бугарски служби каде било договарано менувањето на уставот и широката коалиција и потсети дека партијата веќе две години повикува за прекин на преговорите со Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…