Ексклузивно: Косово забрани влез на стоки од Србија?!
Владата во Приштина донесе одлука да го забрани влезот на стоки од Србија во Косово, дознава приштинска „Коха“.
Одлуката, како што се наведува, уследила откако припадниците на специјалните единици на српската полиција ги уапсија неколкумината косовски специјалци вооружени денеска на територијата на централна Србија.
Во исто време, премиерот на Косово, Албин Курти, повика на итно ослободување на специјалците за кои тврди дека се киднапирани и додаде дека тоа е „одмазда на Белград“ за вчерашното апсење на Милун Миленковиќ Лунет.
Тој побара меѓународната заедница да го осуди овој чин, тврдејќи дека тројца членови на косовската полиција се уапсени на место лоцирано на околу 300 метри на територијата на Косово.
„Влегувањето на српските сили на територијата на Косово е агресија и цел на ескалација и дестабилизација“, рече Курти, пренесе Косово онлајн.
Тврдењата на Курти на вонредна прес-конференција ги отфрли директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, прецизирајќи дека се уапсени во атарот на селото Гњилица, во атарот на Рашка, а членовите на српската полиција не стапнала на територијата на Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…
Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Земјотрес ја погоди Србија
Земјотрес со јачина од 3 степени според…
Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…
„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…
Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…