Трифонов бара да се врати ветото за Македонија оти тука тепале “северномакедонец со бугарска самосвест”
„Ветото против Македонија за нејзин прием во Европската унија треба веднаш да се врати“. Ова на Фејсбук го напиша лидерот на бугарската партија „Има таков народ“ – Слави Трифонов.
„Додека во Бугарија срамно политичко мнозинство и срамна политичка влада се обидуваат да функционираат, во Македонија друг Бугарин беше претепан. Ќе кажам `Северномакедонец со бугарска самосвест`, но самото излагање на овие зборови ме прават да се згрозам, се срамам. Интересно е што партиите кои го сочинуваат срамното политичко мнозинство во моментов во Бугарија заедно гласаа да се откажат од ветото за членството на Македонија во Европската Унија. Очигледно тогаш се роди нивното политичко единство. А тие се виновни што моментално во Македонија палат, демолираат и тепаат Бугари, а оваа работа нема да престане со декларации во парламентот, политички муабети и меѓусебни обвинувања“ напиша Трифонов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Само 265 лица од Македонија со бугарски…
Многу слаб интерес владее во Македонија за…
„Европски избори“: Во Бугарија пријавени 193 изборни…
До 11 часот денеска, во структурите на…
Бугарија избира претседател, близу 6,6 милиони граѓани…
Бугарија денес избира претседател. Право на глас…
Јотова ќе бара оставка од шефот на…
Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе…
Бугарија избира претседател, анкетите ја фаворизираат Јотова
Бугарија во недела избира претседател на избори…