Битиќи: Албанските партии ја гледаат СДСМ како локомотива која влече напред кон европските интеграции

t

За албанскиот политички спектар во Македонија нема дилеми дека Социјал Демократската Сојуз на Македонија (СДСМ) е локомотивата која ги влече напред евроатлантските интегративни процеси на земјата, од членството во НАТО и сега отпочнувањето на преговорите се ЕУ во ноември, за што веќе сите политички партии ја отфрлаат можноста за коалиција со ВМРО- ДПМНЕ.

Ова во интервју за порталот „Локално“ го изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, коментирајќи го условот на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски, дека ќе гласа за уставни измени само доколку ДУИ излезе од владата, кое интегративците го прифатија.

„Да го поставиме прашањето во спротивна насока, колку ДУИ е подготвена да соработува со ВМРО-ДПМНЕ, и не само ДУИ, кога целиот албански политички блок веќе јасно кажа дека е неприфатливо за нив да влезат во влада во која ќе биде и ВМРО-ДПМНЕ. Ова можеме да го протолкуваме како прepoзнавање на СДСМ како водечка локомотива на евроинтеграцискиот процес“, рече Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…

Савески да постапи по кривичните пријави од…

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…

СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…

Откако СДСМ побара да се објават анализите…

Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…

Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…