Косовската полиција објави детали: Убиен убиецот од Шиша Бар?!

t

Косовската полиција соопшти дека во средата вечерта во Приштина е убиен државјанин на Македонија, пренесува Коха.
Во соопштението полицијата наведува дека засега не успеала да ги идентификува напаѓачите.

„Изјавено е дека осомничените, се уште непознати лица, пукале во машката жртва, државјанин на Република Македонија. Надлежни полициски единици излегле на местото на настанот, а од страна на надлежниот лекар било констатирано дека лицето во автомобилот немало знаци на живот. На околу километар од местото на инцидентот бил пронајден опожарен автомобил со германски регистарски таблички, со кој пријавените побегнале од местото на настанот“, се наведува во полицискиот извештај.

По наредба на државен обвинител телото на жртвата е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина.

Неофицијално, убиениот е чаирчанецот Блерим Дачи кој бил повратник од Авганистан и Сирија, припадник на Ал Каеда, обвинет за недозволено држење на оружје, избеган од домашен притвор и се шпекулира дека е еден од убијците во двојното убиство во Шиша Бар во скопската чаршија.

Автомобилот со кој Д.Б влегол на косовска територија неофицијално е во сопственост на Д.Т, а границата ја поминал со документација на Д.Т.

Повеќе за настанот прочитајте на линкот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на…

Премиерот на Косово, Аљбин Курти денеска изјави…

Припадници на АРМ ќе учествуваат во операција…

На предлог на Министерството за одбрана, Владата…

Курти: Србија шири пропаганда за насилство врз…

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека секој…

Курти им го честиташе Велигден на православните…

Косовскиот премиер Албин Курти им го честита…