Германскиот Бундестаг ја однесе резолуцијата за признавање на македонскиот идентитет

t

Германскиот Бундестаг го признава македонскиот јазик, култура и идентитет кои со членството дополнително ќе ја збогатат Европската Унија – стои меѓудругото во резолуцијата која вечерва се очекува да ја изгласа германските пратеници.

На пет страни и со 13 точки, во документот насловен „Активна поддршка за Македонија на патот кон ЕУ“ стои дека 2023 година е клучна за земјава, а Германија е посветена на евроинтегративната перспектива на Македонија и силно ја поддржува на патот кон полноправно членство. Се наведува дека двете држави имаат одлична билатерална и економска соработка, и се оценува дека влезот на Македонија во Унијата ќе биде од голема корист и ќе има позитивен ефект врз регионот.

-Пристапувањето на Македонија во ЕУ е во интерес на двете страни. Успешниот пат кон пристапувањето во ЕУ ќе има далекусежен симболичен ефект за целиот регион. Германскиот Бундестаг ја признава македонската култура, идентитет и јазик. Европејците се карактеризираат со голема разновидност на јазици и култури. Македонскиот јазик и култура дополнително ќе ја збогатат оваа разновидност. Европската Унија ја гледа заштитата на ова богатство како една од нејзините најважни задачи. – Резолуција на германскиот Бундестаг.

Со резолуцијата се бара пристапувањето на Македонија и останатите земји од Западен Балкан кон ЕУ да биде недвоосмислено, веродостојно и поткрепено со опиплив напредок. Во текстот Бундестагот ја повикува власта и опозицијата во земјава да ги направат уставните измени со цел продолжување по евроинтегративниот пат, и се поздравуваат напорите на двете влади во Македонија и Бугарија да ја зајакнат соработката. Дополнително, покрај охрабрувањето за земјава да ги направи уставните измени, се повикува и Бугарија да се воздржи од поставување на дополнителни услови кон земјава.

Според компромисот постигнат од Советот на ЕУ со Македонија во летото 2022 година, сите понатамошни чекори кон интеграција бараат уставен амандман што ќе и овозможи влез на бугарската етничка заедница, покрај другите заедница кои се веќе наведени во Уставот на Македонија, за што е потребно двотретинско мнозинство во парламентот. Германскиот Бундестаг смета дека треба да се направат сите напори за брзо изнаоѓање на решение за да се создадат услови за следниот чекор во пристапниот процес. – Резолуција на германскиот Бундестаг.

Во резолуцијата стои и дека Власта и опозицијата во земјава сносат голема одговорност за одржување на социјалниот мир и продолжување на демократскиот реформски курс. Се наведува и дека земјава мора да продолжи со борбата против корупцијата и организираниот криминал а клучно во тој поглед се реформите во судството и администрацијата. Резолуцијата од геерманскиот Бундестаг според најавите од шефот на дипломатијата Османи треба да е дел од повеќе такви документи од земји –членки на Унијата, а се очекува сличен таков чекор да има од САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…