Никој не сака да биде обвинител во Крива Паланка- Совет на обвинители: Потребени се нови обвинители за успешна борба против криминалот

t

Никој не сака да биде обвинител во Крива Паланка. Советот на јавните обвинители ќе распише оглас за да пополни дваесет обвинителски места, најмногу во Скопје и Тетово а на располагање има само 10 кандидати од Академијата. Но во Крива Паланка веќе со години, ниту еден од младите обвинители не сака да се пријави па овој град го покриваат обвинители од Куманово. На ниво на цела држава недостасуваат околу седумдесетина обвинители а најголем проблем се вишите обвинителства.

-Крива Паланка на секој оглас кога и да објавуваме ја спомнуваме, никој не сака да се пријави. Дали и како би се интервенирало понатаму не знам, бидејќи влезот во обвинителствата како и во судовите е исклучиво преку Академијата за судии и јавни обвинители, изјави – Антонио Јолевски – Претседател на СЈОРМ.

Дел од недостатокот, како што велат од Советот, ќе се “закрпи” со следната генерација од Академијата, но на долг рок проблемот останува. Денеска беше формирана и комисија која ќе треба да изготви мислење по предлогот за разрешување и од обвинителската функција на екс шефицата на Обвинителството за гонење на организиран кримиал и корупција Вилма Русковска.

-Роковите предвидуваат дека во 30 дена ќе почнат да ги разгледуваат тие списи и дека ќе изготват мислење, меѓутоа после изготвувањето на тоа мислење сите членови имаат право, да побараат увид во предметот, изјави – Антонио Јолевски – Претседател на СЈОРМ.

Во врска со анкетата на ОБСЕ и Антикорупциска меѓу судиите и обвинителите која покажа ниска доверба во Советите, Јолевски рече дека резултатите се загрижувачки иако изрази сомнеж за тоа дали е реален одраз на состојбите бидејќи на анонимниот прашалник одговориле половина од обвинителите во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…