Објавено на:

Ребров: Македонија е силна селекција, не сме фаворити!

t

Селекторот на Украина, Сергеј Ребров посочи дека Украина не е фаворит утревечер против Македонија во Скопје и најави дека очекува многу поинаков меч од тој што го одиграа во понеделникот во Бремен со Германија, во пресрет на евроквалификацискиот меч на Националната Арена „Тодор Проески“.

Украина одигра 3-3 со Германија, иако водеше со 3-1 до осум минути пред крајот, но Ребров посочи дека пред себе има исклучително силен противник, кој колку вреди покажал со победата со Италија лани во март во мундијалските баражи.

„Мислам дека сите ја знаат Македонија која е – екипа која ја победи Италија. Ние мора да се сконцентрираме на нашата игра и да ги поправиме сите грешки што ги направивме со Германија. Македонија веќе многупати покажа дека е многу силна и не можам баш да кажам дека сме фаворити. Прво играме на гости, против силен тим и затоа не се сметаме за фаворити. Ќе мора на теренот да го покажеме тоа“, рече Ребров.

Тој посочи дека очекува поинаков меч, но многу тежок, па најави дека се подготвени за час ипол вистинска битка.

„Очекувам поинаков меч од тој во Германија, јас ја знам силата на Македонија, затоа повторувам ќе се сконцентрираме на нашата игра и очекувам – многу тежок меч. Но, спремни сме. Знам дека Елмас е лидер на Македонија, дека има низа фудбалери кои се добри со топка и ќе мора да внимаваме на нив“, додаде Ребров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема изгорени населени куќи во прилепско Чаниште,…

Во прилепското село Чаниште не е изгорена…

НАТО тврди дека го следи развојот на…

НАТО „внимателно ги следи руските воени активности,…

Премиер лигата ќе дозволи аудиоснимки од разговорите…

Премиерлигата за првпат оваа сезона ќе дозволи…

Топлотниот бран и сушата го уништија европското…

Серија интензивни топлотни бранови и суша што…

Од септември уште две училишта во Кавадарци…

Започнува наставата во една смена во основните…