Од заедничката историја со Бугарија: Стрелајте кучиња, нашата идеја нема да умре! 80 години од масакрот во Ваташа!
На денешен ден, на 16 јуни 1943 година, пред 80 години, за време на Втората Светска Војна, беше извршен масакр врз дванаесет млади Македонци од кавадаречкото село Ваташа.
Со цел да се спречи народно-ослободителното движење во Македонија, бугарскиот фашистички окупатор во близина на Моклиште кај месноста Чаир, на 12 километри од Ваташа стрела 12 млади Македонци од селото Ваташа, кавадаречко, на возраст од 15 до 27 години возраст.
Дванаесетте убиени млади Македонци од селото се: Перо Видев (15), Ванчо Гурев (19), Данко Давков (18), Илија Димов (18), Ристо Ѓондев (18), Блаже Ицев (20), Пане Мешков (18), Герасим Матаков (18), Ферчо Попѓорѓиев (26), Васо Хаџиjорданов (28), Диме Чекоров (20) и Пане Џунов (18).
„Во предвечерието на најголемиот масакр во Втората светска војна, кога свирепо беа стрелани 12 Ваташки младинци, жителите на селото Ваташа вечерва со пригодна програма ќе им оддадат достојна почит на младите животи кои го дадоа својот живот за татковината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кобила се ождреби на сред улица во…
На сред улица во скопската населба Карпош…
Филипче откри сомнеж за криминал од 37…
Венко Филипче конечно прозборе за сомнежи за…
Зеленски најави засилени удари врз руските рафинерии:…
Украина ќе ги засили нападите врз руските…
Мерц пристигна во Киев: Германија подготвува милијарда…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц утрово пристигна во…
Трамп: Не можете едноставно да ги исклучите…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го поддржа…