Објавено на:

Ништо од мирот: Преговори меѓу Москва и Киев не се можни, вели Зеленски

t

Преговорите меѓу Москва и Киев не се можни додека руската армија е на територијата на Украина, изјави претседателот на Украина, Владимир Зеленски.
„Организирањето на какви било преговори со Русија, додека окупаторските сили се во Украина, би значело само обид за замрзнување на конфликтот“, рече тој.


Според него, на Киев му треба вистински мир и руската армија да ја напушти украинската територија. Тој додаде дека Украина ги смета за свои територии Доњецката Народна Република, Луганската Народна Република, Керсон и Запорожје.
Тој, исто така, истакна дека Украина планира да го организира самитот „Украина-Африка“.


„Навистина сакам да го организирам самитот „Украина-Африка“. Верувам дека африканските земји треба да знаат дека е неопходно директно да се разговара“, рече Зеленски на прес-конференцијата во Киев со лидерите на африканските земји.

Во декември 2022 година, украинскиот претседател објави дека Украина ќе отвори десет амбасади во Африка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…

Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…

Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…

Тој повторно ги истакна нападите на САД…

Медведев: ЕУ е директна закана за Русија

Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…

Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…