Социјалните мрежи вријат: Апел до Бундестагот со резолуција да го поништи резултатот од мечот – Убедете ме дека утакмицата Македонија-Украина не е местена!
Денешниот пораз на фудбалската репрезентација на Македонија од Украина со три спрема два предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
-Апел до Бундестагот со резолуција да го поништи резултатот од мечот. – напиша Божидар Божиновски на Фејсбук.

Во продолжение и неколку останати реакции на Фејсбук и Твитер.


Прво полувреме играш врвен светски фудбал на кој светски многу клубови и ѕвезди можеа да позавидат. Ги ставаш украинците во џеб и им држиш лекција по модерен фудбал при тоа водејќи со 2:0.
Второ полувреме излегуваат на терен истите 11, кои се тотално непрепознатливи. Не трчаат, немаат енергија, трчаат без компас како заклани кокошки, не покажуваат желба за фудбал и наликуваат на потпросечен тим од Црнилишта прилепско.
Да дечки, сомнителни сте, и со право ќе ви се рече дека вие натпреварот во второ полувреме им го пуштивте на Украина.
Срам да ви е – додава Јандриоски во друга објава на Фејсбук.
Инаку македонската репрезентација имаше одлучна игра во првото полувреме, каде со двата гола на Барди и Елмас го заршивме првото полувреме со два спрема нула. Во второто полувреме следуваше млитава игра за на крај да го завршиме натпреварот со три спрема два во корист на Украина.
Фото: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…
Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Фон дер Лајен: Украина ќе може да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…