ЦУК: Запрен истекот на вода од ХЕЦ „Вруток“ за да нема дополнителен прилив во Вардар
Центарот за управување со кризи (ЦУК) координираше да се сопре целосно истекот од ХЕЦ „Вруток“ за да нема дополнителен прилив на вода во коритото на реката Вардар. Нивото на реката Вардар е високо, па ова е превентивна мерка од можните излевања на реката во Полошката Котлина.
-Според последните податоци од хидролошките станици низ земјава се уште е висок водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар и таму се очекуваат локални излевања на реката, особено во Полошката Котлина. Висок е водостојот на реката Вардар и во Скопје, а зголемен водостој се очекува и низводно од Скопје кон Орешани, Зелениково, Таор и Велес поради движењето на поплавниот бран, информираат од ЦУК.
Оттаму посочуваат дека висок водостој има и реката Треска, додека на останатите водотеци има намалување или стагнација на водостоите во однос на утринските.
ЦУК издаде предупредување и за внимателност на мостот во село Пчиње, кој има слаба конструкција, а попладнево може да има проблеми, кога зголеменото ниво од Крива Река ќе дојде до река Пчиња. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…
Сенатот на САД го усвои Законот за…
Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…
„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…
Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…
Времето денеска ќе биде сончево и топло…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…