Објавено на:

Се уште голема гужва на граничниот премин Богородица, за излез кон Грција

t

Изминатите два дена постојано се објавува на социјалните мрежи дека на граничниот премин Богородица, за излез кон Грција има чекање и големи колони.

Утринава од АМСМ информираа дека на овој граничен премин се чека околу половина час и изгледа дека ова се уште трае, односно постојано има туристи кои одат на својот заслужен летен одмор, вклучувајќи ги и тие кој ја користат нашата земја како транзитна дестинација. За останатите гранични премини АМСМ соопшти дека нема подолги задржувања.

Во текот на вчерашниот ден, започнувајќи од пладневните часови, на овој граничен премин, од грчка страна за влез во Македонија се чекаше околу 3 часа.

Видеото погледнете го на следниот линк на кој можете постојано во живо да ја следите состојбата на овој граничен премин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…

По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…

Трамп даде по 100 долари на 20…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…