Објавено на:

Нови протести во Бугарија: „Не за војна, да за мир“ – Се бара неутралност на земјата

t

Граѓани се собраа пред Националната палата на културата во главниот град на Бугарија за да се приклучат на уште еден „Марш за мир“, повикувајќи ја Бугарија на воена неутралност.

Мотото на демонстрациите повторно е: „Не за војна, да за мир“, а нејзините учесници се организираа главно на социјалните мрежи.

„Бугарија мора да има свои национални интереси и приоритети. Не може да испраќа оружје и муниција за да учествува во поттикнување воени конфликти“, изјави за БТА учесник во демонстрациите.

Демонстрантите собираат и играчки оружје во знак на протест против инсистирањето на некои политичари Бугарија воено да ја поддржува Украина.

Меѓу луѓето кои дојдоа на настанот се собираат потписи за национален референдум насловен од организаторите „Бугарија за мир и суверенитет“. Демонстрантите се очекува подоцна да маршираат околу Софија.

На прес-конференција одржана на 20 април во Националниот прес-клуб на БТА, организацискиот одбор на „Себугарскиот марш за мир и неутралност“ ги објави сите шест прашања за референдумот.

На 21 мај учесниците на маршот „Марш за мир“ фрлаа црвена боја врз зградата на „Куќата на Европа“, во која се сместени претставништвото на ЕК и канцеларијата на Европскиот парламент. Поради случајот поведена е претистражна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитров: Албанија нема да има ништо против…

Македонија го избра парадоксот на комбинирање на…

Не постои бугарска влада која повторно би…

„Не гледам како може повторно да репреговаран…

Шпанците живеат најдолго, Бугарите најкратко во ЕУ

Просечниот животен век во Шпанија е 84…

Радев: Наскоро ќе стане јасно дали Македонија…

Шефот на бугарската држава Румен Радев смета…

Македонски пејачи ќе пеат во Бугарија на…

Втора година по ред во бугарското село…