Објавено на:

Столтенберг: Да не се избрзуваат преговори меѓу Русија и Украина

t

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека мировните преговори меѓу Украина и Русија не треба да се избрзуваат, доколку тоа значи дека Москва ги диктира условите за мир. Откако јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса оваа недела во Киев изјави дека „мирот треба да се постигне преку дипломатија, што е можно поскоро“, тој се согласи, но не по секоја цена.

– Сите сакаме оваа војна да заврши. Но, за мирот да биде одржлив, мора да има правда. Мирот не значи замрзнување на конфликтот и прифаќање на договорот што го диктира Русија – изјави Столтенберг за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ и додаде дека „само Украина“ може да определи кои услови се прифатливи.

– Треба да се погрижиме, кога ќе заврши оваа војна, да има кредибилни договори кои ја гарантираат безбедноста на Украина, за да не може Русија повторно да нападне, што би го прекинало кругот на руска агресија. Бидејќи Украина може да ослободи повеќе окупирани територии, ќе има подобри карти на преговарачката маса во смисла на постигнување праведен и траен мир – рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…