(Видео) Со испраќање на помош за Украина се ослободивме од старото оружје кое требаше да се уништи

t

Нашата тенеденција во вооружувањето и прилагодувањето кон НАТО треба да биде брзо и да не жалиме средства, а средства во добар дел добиваме и грантови од стратешките партнети, вели во денешната епизода на Мрежа професорот Оливер Андонов.

– Јас мислам дека се ослободивме од старото оружје со испраќање во Украина, иако е жално тоа да се каже, некој војува таму. Опремата која ја имавме е поприлично застарена, со колоквијално руско потекло, Украина има средства и ресурси за ремонт на тие системи.

Ако ние како држава прво сме процениле дека немаме потреба од тоа оружје, не сме во состојба да го одржуваме бидејќи тоа бара многу средства. На десет до петнаесет години треба да се обновува тоа што е застарено, еве ние дел од тоа го дадовме во Украина. Јас не чувствувам задоволство што гинат луѓе таму, но ние секако требаше да го уништиме тоа оружје, вели Андонов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…