Објавено на:

Со Курти не може да се преговара: Срам да ти е, татко ти е криминалец

t

„Татко ти е криминалец. И на тебе Курти и на тебе Свеќља. Срам да ви е, порача српскиот претседател Александар Вучиќ пред тв-камерите, пишува Нова.

Тој го коментираше апсењето на Милун Миленковиќ Лунет на северот на Косово и фактот дека косовскиот премиер Албин Курти и министерот за внатрешни работи на Косово, Џелај Свеќла за Лунет рекоа дека е криминалец.

Тој потоа одговори на прашањето дали има смисла да продолжи дијалогот со Приштина.

– Дијалогот со Курти е бесмислен. Дали технички ќе се појавам, ќе одлучам за тоа. Тоа ќе биде нашата тактичка одлука. И немам што да разговарам со Курти. Тој човек сака војна по секоја цена. И има заштита, лажат кога велат дека нема заштита. Решете си го тоа со вашето дете (Курти). Тапкајте го по глава или плескајте го по газот, како сакате. Ваше бебе е, ваше дете. Правете што сакате со него, па известете ме кога ќе ја завршите работата – заклучи Вучиќ.

Вучиќ прво зборуваше за нападот на косовската полиција врз братот и сестрата Дара и Кристијан во селото Житковац, општина Звечан.

Тој потсети на сите повреди и апсења на Србите во претходниот период. Српскиот претседател истакна и дека за ова неколку пати разговарал со претставници на ЕУЛЕКС, а тие му рекле дека набљудуваат и следат. Тој тогаш изјави дека Канцеларијата за Косово и Метохија ги „добила“ нивните документи.

– Знаете што пишува таму? Значи ништо. Ни го напишаа тоа што е напишано во членот 4- на таканаречените закони во Приштина. Ја следеа бирократската форма. Навистина не им е гајле за Србите – рече Вучиќ, а потоа меѓу другото додаде:

– И тогаш ни велат да не се мешаме, (ситуацијата ја) следи ЕУЛЕКС. Што следите лажговци? Единствено што сакате да следите е како се протеруваат Србите.

На крајот од своето обраќање тој уште еднаш зборуваше за овие документи, кога го кажа следново:

– Со ова пенкало би го таргетирал секој што го донел тој ЕУЛЕКС и кој барал да дојде. И знаеме кои стручњаци го направија тоа – изјави Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…