Цените на бензините се намалуваат, дизелот ќе се продава по стара цена

t

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38% во однос на одлуката од 12.6.2023 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 ден/кг и сега ќе изнесува 41,029 ден/кг.

Од 20.6.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,029 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 1,464%, кај дизелот има зголемување за 1,323%, кај екстра лесното масло исто така се регистрира зголемување за 0,415% и кај мазутот зголемувањето е за 2,623%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,819%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…