Нема учебници ама затоа ќе има спринг брејк, еве како ќе излгеда наредната учебна година

t

Министерот за образование Јетон Шаќири вели дека добиле предлози, меѓу кои и од родителите, да се воведе еднонеделен пролетен распуст кој би бил кон крајот на Март или Април. Според планот, учебната година како и сега би започнала на први септември, зимскиот распуст би останал стандарден, додека пак крајот на учебната година би се продолжил за пет дена… Сепак министерот потенцираше дека ваквата можност е предмет на анализа, а покрај досегашниот модел, во „игра“ е и трета варијанта, учебната година да започне кон средината на септември.

-Јас очекувам оваа и наредната недела, заедно со синдикатите да ги завршиме анализите што се потребни и тој предлог, ако синдикатите се задоволни со предлогот кој веќе е, ќе биде исто така како и секоја година или реализирање на учебната година од први септември. Втората варијанта, продолжување на кон средината на месец септември, да не одредуваме датуми и третата варијанта е почнување од први септември но, исто така, да има и протелетен распуст, –Јетон Шаќири – Министер за образование.

Изминатите неколку години беа полни со предизвици за образовниот процес, од ковид-кризата, до протести на наставници поради колективни договри и недостаток на учебници. Министерот Шаќири вели дека се работи интензивно на надминување на проблемите и очекува наредната учебна година да биде една од најуспешните.

-Имаме одлични разговори со синдикатите за општиот колективен договор кој што треба да се потпише за целиот јавен сектор, а потоа ќе продолжиме и со нашиот колективен договор кој треба да го потпишеме во ние во образование. Оваа учебна година мислам дека ќе биде една од поуспешните учебни години во делот на доставување на учебници, од први септември, како што ќе бидат доставени до сите учебници, –Јетон Шаќири – Министер за образование.

Во однос на препишувањата на државната матура, министерот вели дека треба да има санкции, но на прашањето дали истата ќе се поништи и преполага, одговори дека би било несовесно поради група на матуранти да се доведе во прашање иднината на илјадници ученици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…