Објавено на:

(Видео) Англија вечно ќе ја памети МАКЕДОНИЈА, се сеќавате ли на овој гол!?

t

Англија е светска фудбалска суперсила, колепка на фудбалот, поранешен светски првак (1966), актуелен европски вицепрвак и низ повеќе од вековната историја на „трите лава“, нема селекција која на домашен терен не ја победиле освен – Македонија.

Делува чудесно, ама Македонија на две гостувања, двапати успеала да остане непоразена и тоа двапати во првата деценија од новиот милениум, еднаш во Саутемптон на „Сент Мери“ кога ремизиравме 2-2 во 2002 година, а вториот пат на „Олд Трафорд“, култниот стадион на Манчестер јунајтед каде вечерва повторно гостуваме, со ремито без голови во 2006 година.

И кога ќе се спомене Англија, прва асоцијација е голчиштето кое на Островот вечно ќе го паметат и едно име – легендарниот Артим Шаќири. Неговиот гол директно од корнер го пензионираше голманот Дејвид Симан, ама остана за навек како еден од најзначајните, а веријатно најубавиот гол во историјата на македонската фудбалска репрезентација, тогаш предводена од Никола Илиевски – Џиџи.

Тој меч на „Сент Мери“ на 16 октомври 2002 година го одбележа Шаќири со голот и изненадувачкото реми во кое Македонија двапати водеше. Прво со 1-0 со чудесниот гол на легендарното крило во 11-та минута, а потоа преку Ванчо Трајанов во 24-та за 2-1, а великаните Дејвид Бекам во 14-та и Стивен Џерард во 35-та погодија за Англчичаните.

Од тој меч, два члена на македонската репрезентација и сега се во националниот тим, ама во други улоги – Влатко Гроздановски и Мирослав Вајс, кои се дел од стручниот штаб на Благоја Милевски.

Таа Англија во тој период беше неверојатна со Гери Невил, Ешли Кол, Сол Кемпбел, Џонатан Вудгејт, Пол Сколс, Алан Смит, Мајкл Овен, Вејн Бриџ, Џерард и Бекам, а актуелниот селектор Герет Саутгејт беше само резерва, исто како и еден Франк Лампард и Овен Харгривс.

Четири години по тоа историско реми, во тоа време еден од најголемите резултати на Македонија во историјата, дојде второто гостување на Островот, сега со Среќко Катанец на кормилото, на култбиот „Олд Трафорд“, каде една друга генерација на англиски репрезентативци не успеа да ни даде гол, а од претходната во тимот беа Гери Невил, Ешли Кол и Стивен Џерард, но сега со Лампард како стартер, па Вејн Руни, Мајкл Керик, Џон Тери, Питер Крауч, Џермејн Дефо, Шон Рајт-Филипс…

Македонија нема победа против Англија зашто другите два меча, на домашен терен на Градски, ги загуби двапати и тоа тесно, во 2003 година со 1-2, а во 2006 година со 0-1.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…