Ајде добри луѓе: За три дена собрани 40.000 евра за Кико – продолжуваме понатаму
Во рок од три дена собрани се околу 40,000 евра за Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван, момчето кое мора итно да замине на третман во Турција поради влошување на состојбата со неговата ретка болест.
Тој се чувствува подобро од пред два дена, а во болницата каде што е сместен се грижат добро за него. Во моментов се чека опоравување за да се префрли во Турција на лекување.
Претходно докторите одбиваа да потпишат трансфер за момчето со медицински авион, бидејќи, сметаа дека нема да го издржи патот.
За негово лекување во Истанбул во Турција потребни се 50.000 евра. Трошоците се зголемуваат поради влошувањето на состојбата односно специфичниот трансфер.
Извесен е и настап на десетина естрадни ѕвезди од Македонија како Тајзи, Таско, Барбара Ракичевиќ, ДЈ Боно, Огнен Здравковски, Пајак, Иван Јованов.
Картата ќе чини симболични 200 денари, ќе има и кутии за донации. Може да се донира и на Телеком 143 130 и А1 143 471.
трансакциска сметка
200004087594930,
Стопанска банка АД
Скопе, Катерина Коцева
За донации од странство може и преку WESTERN UNION! име: Горан Коцев држава: Македонија, град: Штип!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски најави инфраструктурен бум: „Веќе вклучуваме во…
Во оваа тешка година имаме резултати зад…
Трамп: Израел и Иран се согласија на…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е…
Србија и продавала оружје на Украина
Српското Министерство за одбрана објави дека „во…
Драстичен пад на цената на нафтата по…
Пазарот на нафта реагираше со наголем пад…
Израел: Се согласуваме на примирје
Владата на Израел утрово потврди дека го…