Објавено на:

(Видео) ЕВТИНОТО „НИНТЕНДО“ ДАЛЕЧИНСКО И ОПРЕМА БИЛЕ КОБНИ ЗА ПОДМОРНИЦАТА? Испливаа техничките фалинки на „Титан“ кој потона во Атлантикот!

t

Далечински управувач од само 30 долари, или наши 1.800 денари, бил користен за преку Bluetooth да се управува со подморницата „Титан“ која потона негде во водите на Атлантикот. На Твитер се сѐ погласни коментарите дека ова далечинско кое многу личи на гејм-контролер од Екс-бокс било кобно или барем е дел од причината за хаваријата која остави петмина луѓе со кислород за само уште 70 часа додека американските и канадски власти трагаат по нив.

Подморницата требало да се нурне на 3.800 метра, а картите чинеле 250.000 евра од човек. Сепак, контролерот бил евтин.

Освен тоа, Бизнис Инсајер пишува дека подморницата имала шише со вода за тоалет, а лани во ноември исто така се изгубила од радарот цели 2,5 часа додека се снимала тв-репортажа на Си-Би-Ес-Њуз.

Вистинската причина за вчерашното губење на „Титан“ засега останува непозната и непотврдена. Контактот со него бил изгубен само два часа од запловувањето, слично на 2,5 часа во ноември.

Луѓето веќе го коментираат евтиното далечинско на социјалните мрежи.

https://twitter.com/GusTheFox/status/1671059895603306497?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1671059895603306497%7Ctwgr%5Edc8cedf8560988bb8ca78b6d98e869b0abc09d1f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fvideo-evtinoto-nintendo-dalechinsko-i-oprema-bile-kobni-za-podmornicata-isplivaa-tehnichkite-falinki-na-titan-ko-potona-vo-atlantikot%2F

„Контролерот на ПлејСтејшн што се користи за пилотирање на подморницата Титан се чини дека е моделот „Logitech Gamepad F710“, достапен на интернет на Амазон за 30 долари. Се прашувам дали компанијата Логитек би препорачала користење на нивните производи за пилотирање на домашна подморница до остатоците од Титаник“, напишал тивтерџијата Том Хо и постирал слика од контролерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска: Висар Ганиу не може да уништи…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска објави фотографии…

Мелони предложи заедничка иницијатива за прекин на…

Италијанскиот премиер Џорџa Мелони предложи заедничка иницијатива…

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Република Српска не го прифаќа британскиот план…

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…

Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…