Ковачевски: На„Бехтел и Енка“ пред извесен период им е исплатен аванс за подготвителните работи
Премиерот Димитар Ковечевски денеска соопшти дека на конзорциумот „Бехтел и Енка“ пред извесен период му е исплатен аванс за подготвителните работи околу коридорите 8 и 10д, но точната сума, како што рече, може да се побара во ЈП за државни патишта.
Одговорајќи на новинарски прашања, Ковачевски потврди и дека е почната работата на коридорите, односно дека се во тек геомеханичките истражувања.
– За коридорите, да, почната е работата. Тој договор е веќе потпишан и според него, прво почнуваат геомеханички истражувања кои се веќе почнати, почнува фаза на проектирање зашто се работи за проектирање и изградба. Тие веќе работат согласно процедурите и имаат договор што е валиден, исплатен е аванс, точната сума може да ви ја дадат во ЈП за државни патишта, кој е пефрлен на „Бехтел и Енка“ и тоа е направено пред извесен период, согласно извршувањето на подготвителните работи за почеток на изградба на проектот зашто има проектрирање, геомеханички истражувања и потоа изведба на проектот, рече Ковачевски по настанот на кој се одбележа јубилејот 70 години од основањето на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков” и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи”.
Ковачевски: Проверката на имотната состојба на вработените во Царина, не значи ветинг
Премиерот Димитар Ковачевски смета дека неговиот предлог да се провери имотната состојба на царинските службеници, ќе придонесе во зголемување на транспарентноста и општествениот кредибилитет на институцијата.
Проверката на имотната состојба, како што посочи, може да се направи преку интерни постапки и не значи ветинг.
– Мислам дека ако тоа се примени во Царина, ќе се зголеми нивната транспарентост, ќе добијат на тежина и на општествен кредибилитет, бидејќи ако некој нема што да крие, нема ни потреба да не поддржи еден таков процес, изјави денеска Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања.
Ковачевски вчера во одговор на новинарско прашање поврзано со барањата на вработените во Царинската управа и Управата за јавни приходи рече дека добро би било да се провери имотната состојба на вработените во овие две институции.
Во однос на ветингот, Ковачевски денеска рече дека е за ветинг со којшто ќе бидат опфатени сите општествени чинители и којшто, според него, треба да се направи по примерот на развиените земји.
– Јас и мојата политичка партија сме за ветинг, но ветинг којшто ќе ги опфати сите општествени функционери и треба да се дефинира дали да бидат опфатени и други делови од општеството бидејќи со општествените ресурси не управуваат само избрани и именувани политичари, туку и луѓе кои на пример користат концесии, фреквенции…., рече Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…
НАТО се откажа од одржувањето на самитот…
Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…
Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…
Во просториите на Општина Тетово се одржа…
ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…
Пријавени се проблеми во работењето на услугите…
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…