Ковачевски го искара Радев: Претседателот на соседна држава треба повеќе да се занимава со реформите во неговата земја

t

Премиерот Димитар Ковачевски денеска му порача на шефот на бугарската држава, Румен Радев дека треба повеќе да обрне внимание на реформите во неговата земја.

-Македонија има многу јасни позиции во рамки на ЕУ и НАТО. Ние сме држава која што 100 проценти ја има усогласено својата надворешна политика со Унијата и која што рамноправно со другите држави носи одлуки во НАТО. Ние секоја година имаме европски извештаи во однос на напредокот на реформите, така да сметам дека претседателот на соседна држава треба да се занимава со реформите во неговата држава повеќе, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања.

Радев денеска од Софија изјави дека „Македонија лобирала по европските институции за да го скрие недостатокот на реформи кај нас“.

-Во моментов, лобирањето повторно е интензивирано, но Бугарија ќе продолжи интензивно да работи со сите европски институции, со нашите европски партнери, така што одлуките за Република Македонија не се засноваат на лобирање, што го крие недостатокот на реформи и длабокото кршење на човековите права, рекол шефот на бугарската држава, запрашан да ја прокоментира резолуцијата на германскиот Бундестаг, со која недвосмислено се потврди македонскиот идентитет, јазик и култура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…