Инфузијата не била причина за смртта на петгодишната Јана

t

Според извештајот на скопска судска медицина инфузијата не била причина за смртта на петгодишната Јана, вели за Канал 5 адвокатот на нејзините родители Јанаки Митровски кој како полномошник ја добил и направил увид во документацијата.

Во извештајот стои дека причина за смртта е срцев удар, како резултат на пневмонија што го зафатила срцевиот мускул. Лекарите од судска медицина навеле и рана фаза на дијабетес кај девојчето, но не го вклучуваат во причинско-последична врска, вели Митровски, кој смета дека во постапките има неколку недоследности.

Кај лекарите, во извештаите, не е најден пропуст со терапијата, нивниот заклучок е дека Јана била донесена во многу тешка состојба, што е спротивно на тврдењата на родителите, вели Митровски.

Митровски, како претставник на родителите предложил да се вештачи и комјутерот во болницата за да се утврди дали се менувале податоци.

Во меѓувреме, од Обвинителството за Канал 5 велат дека се уште не е донесена одлука за евентуална кривична одговорност, а Стојче и Кристина Христовски кои пред околу три месеци го загубија своето чедо во телефонски разговор за Канал 5 кажаа оти се надеваат дека ќе се утврди лекарска грешка, за како што велат, никој да не ја доживее нивната судбина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…