Објавено на:

Обновената Украина е носител и гарант на безбедноста

t

Обновената, трансформирана и зајакната Украина е носител и гарант на безбедноста, што значи заштита од секаков облик на руски терор и од секое повторување на руската агресија, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно видео обраќање.

Тој изрази сочувство до семејствата на припадниците на украинските вооружени сили кои загинаа денеска во гранатирањето на Херсон, пренесува „Укринформ“.

Како што наведе, „секој руски терористички напад е аргумент дека окупаторите немаат шанси да останат никаде на украинска територија“.

„Сега нашите воини на југ и на исток многу активно го уништуваат непријателот, физички ја чистат Украина. Ова ќе продолжи и во иднина. Заштитата од терор значи уништување на терористите. И ова е гаранција дека злобната држава никогаш повеќе нема да има можност да ѝ донесе зло на Украина“, рече претседателот на Украина.

Тој потсети дека во Лондон веќе почнаа првите средби во рамки на конференцијата за закрепнување на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…