Битиќи: Не очекувам УЈП да стапи во генерален штрајк, помирувачот ќе си ја заврши работата
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за Канал 5 изјави дека не очекува УЈП да стапи во генерален штрајк, бидејќи веќе е назначен помирувач помеѓу двете страни и цени дека тој успешно ќе се справи со ситуацијата.
Кажа дека наредната недела ќе се одржи Економско социјален совет на кој најави дека владата ќе достави нов предлог за методологијата за раст на платите до синдикатите, со која тврди дека целиот јавен сектор ќе добие достоинствени плати. Седницата ќе биде отворена за јавноста.
Инаку веќе една недела шалтерите во УЈП се затворени за странки од 10 до 12 часот, а од синдикатот најавија дека доколку не наидат на слух од надлежните до крајот на месецов, ќе стапат во генерален штрајк, што според нив ќе значи колапс на државата.
Уште една недела рок даваат и вработените во Царина. Револтот во УЈП и царина следи откако министерот за финансии Бесими, им исплати за 30% повисоки плати на вработените во неговото министерство, а не и на овие две институции кои исто така се под капа на финансии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…
Украина и Русија договорија размена на заробеници,…
Украина и Русија договорија поголема размена на…
Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…
Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…
Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…
Цените на нафтата пораснаа за околу два…
Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…
Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…