Ковачевски без конкретен одговор кога владата ќе ги достави уставните измени до собранието

t

Премиерот Димитар Ковачевски верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на својот став околу уставните измени искажан на лидерската средба од страна на нивниот лидер Христијан Мицковски.

Во одговор на новинарско прашање денеска од Виница, Ковачевски изрази уверување дека меѓу 120-те пратеници во Собранието, мнозинството е за европската интеграција на државата.

– Процесот нема да застане без разлика на променливите ставови на ВМРО-ДПМНЕ. Верувам дека меѓу 120-те пратеници во Собранието има огромно мнозинство кое е за европската интеграција на земјата, изјави Ковачевски.

Прашан дали има рок до кога СДСМ ќе го чека ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски рече дека роковите се пропишани согласно закон и дека предлогот ќе биде доставен до Владата од страна на Министерството за правда, а потоа и доставен до Собвранието.

– Согласно со законските рокови и со политичката волја во Собранието, така ќе биде организирана работата во однос на носењето на уставните амандмани, рече Ковачевски, додавајќи дека што побрзо се заврши овој процес, толку подобро за државата која не смее да биде блокирана одвнатре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…