Лога го повика Апасиев да гласа за уставните измени: Стоп на фашизмот и демакедонизацијата!

t

Откако се поклони на гробовите на Јосип Брзо Тито и Енвер Хоџа, следната дестинација за поклонување на Димитар Апасиев е гробот на Бенито Мусолини, се наведува во реакцијата министерот за правда, Кнерар Лога до лидерот на Левица.

-Господине Апасиев, наместо да се гордеете дека во изводот на родени ќе стои националност- Македонец/Македонка, Вие со својата деструктивна политика по секоја цена сакате да ги држите граѓаните во заблуда за свои политички цели. Како ,,самопрогласен” борец на интернационалистите, Вие треба да водите грижа за сите граѓани и народи, рамноправно да се развиваат во својата држава. Ако денеска сиромашниот Mакедонец се потпишува како припадник на друг народ не заради добивање на извод туку поради бесперспективноста и блокадата, господине Апасиев Вие сега имате можност да ги поддржите уставните измени кои ќе ни го отворат патот во ЕУ и ќе ни овозможат подобра иднина на сите. Ден поскоро во Европската Унија, значи СТОП на ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈАТА, му порачува Лога на Апасиев.

Инаку, претходно, Одлуката на македонското Министерство за правда во изводите од матичните книги на родените да се отвори нова графа за етничка припадност го предизвика вниманието на бугарската фондација Македонија која пропагира дека сега за само 250 денари може да се дојде до бугарски пасош.

Претседателот на фондацијата, Виктор Стојанов, ги повика сите Македонци да станат Бугари за само 250 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…

Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…

Судски совет: Министерот Лога е должен да…

„Министерот Лога е должен да го почитува…

Лога со допис бара од Судски совет…

Министерот за правда Кренар Лога со писмен…

Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…

Пратеник по Устав и по Деловник има…

Лога: Олигарси ги контролираат обвинителите и судиите

Министерот за правда Кренар Лога вечерва во…