Маричиќ: Преговорите со ЕУ нè обврзуваат да исполниме сè она што е потребно за да обезбедиме одржлив развој на државата

t

Преговорите со ЕУ нè обврзуваат да исполниме сè она што е потребно за да обезбедиме одржлив развој на државата преку образование и економија која е базирана на знаење, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на дебата со младите која се одржа во Европската куќа во Битола.

Според Маричиќ, младите имаат европска визија и се наша движечка сила кон ЕУ.

-Најважните ресурси на македонското општество се студентите, кои со нивното знаење нè прават да бидеме конкурентни на европскиот пазар на труд. Целта на Владата е младите да останат дома и да придонесат за сеопфатниот напредок на Македонија и да живеат и работат во својата држава, додаде вицепремиерот за европски прашања.

Тој истакна дека независните и професионални институции, владеењето на правото и квалитетното образование се здрав темел за напредок и развој на нашата држава.

На дебатата беше потенцирана и важноста од учеството и активноста на нашата држава во искористеноста на европските образовни програми, особено Еразмус +, која како што кажа Маричиќ, отвора многу можности и простор за интеракција со луѓе од различни култури и националности, што е потврда за почитувањето, уважувањето и обединувањето на различностите, како вредност која ја негува ЕУ.

На денешната дебата со студентите од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола на тема „Учествувам и придонесувам: За нови европски можности!“ учествуваа и проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска, Еразмус координатор и Координатор на повеќе проекти од ИПА програмите за прекугранична соработка, Христијан Георгиевски, претседател на студентското собрание на Високата медицинска школа и Елена Грујоска, претседателка на Факултетско студентско собрание на Правниот факултет

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…