Објавено на:

Ако се точни ова е КАТАСТРОФА: Русија објави бројки, што загуби Украина од почетокот на контраофанзивата?!

t

Секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев го известил претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин за загубите на украинските сили за време на контраофанзивата што ја започнаа.


„Од 4 до 21 јуни руската армија уништи 246 тенкови, од кои 13 од западно производство, 595 оклопни борбени возила, 279 парчиња артилерија и минофрлачи и 264 беспилотни летала“, рече Патрушев.

Патрушев, исто така, објави дека руската војска уништила 42 повеќекратни ракетни фрлачи и 10 тактички борбени авиони, како и десет хеликоптери, кои Киев ги користел за време на украинската контраофанзива.
Покрај тоа, руските сили уништија и 424 единици автомобилска опрема.
Тој исто така изјави дека се ликвидирани повеќе од 13.000 украински војници.

Засега овие бројки не се ниту потврдени ниту демантирани од Украина.

Добивајте ги најновите вести во нашите групи на Вибер и Телеграм и дебатирајте во Телеграм групата за дебата на Инфомакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…

Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…

Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…

Тој повторно ги истакна нападите на САД…

Медведев: ЕУ е директна закана за Русија

Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…

Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…