Орбан: Балканот ѝ е попотребен на ЕУ отколку што таа му е потребна на Балканот
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Сараево изјави дека односот на официјална Будимпешта со Босна и Херцеговина го одредуваат три факти – дека се соседи, иако не директно, дека Унгарија ` се восхитува на Босна и Херцеговина i политичарите за одржување на најкомплицираниот систем и за тоа што, како што рече, ја делат истата судбина со Босна и Херцеговина, односно делат комунистичко минато.
„Ние сме соседи, не директно, но во политичка смисла ние сме соседи и набљудуваме се што се случува во Босна и Херцеговина, како вистински соседи… Со големо воодушевување набљудуваме како го одржувате најкомплицираниот систем во светот, јас им се восхитувам на политичарите и се восхитуваме што успевате да ја одржувате државата функционална, на нас Унгарците ни е тешко да одржуваме коалиција, и толку комплициран систем… Ние и вие делиме судбина, иако различна, но повторно комунизмот во нашето минато и транзицијата која сè уште трае ги исцрпи и вие и нас. Имаме слични судбини. Вие не ни сте туѓи, вие сте дел од семејството“, рече Орбан.
Премиерот на Унгарија рече и дека што и да кажат во Брисел, официјална Будимпешта е за брзо членство на Босна и Херцеговина во ЕУ.
-„Не треба да чекате за членство, туку да го дадете веднаш“, рече Орбан на заедничката прес-конференција со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо.
Орбан рече дека го информирал Кристо за тековите во ЕУ, дека има големи превирања и дека има големи процеси во политиката, безбедноста и економијата, „предизвикани од војната во Украина и учеството на ЕУ во неа и затоа Европа потребна е сета динамика, а тоа може да го донесе Западен Балкан“.
Неопходни се нови учесници во ЕУ, за нас Унгарците не е проблем Балканот, туку последен извор на европски ресурси“, рече Орбан, а пренесува сараевскиот портал „Вијести“.
На ЕУ ѝ треба Балканот многу повеќе отколку што на Балканот му е потребна ЕУ, рече Орбан и додаде: „Ние Унгарците сме за брзо членство во Европската унија“.
-„Ни треба нова динамика. Можеби звучи чудно, но на ЕУ и требаат Балканот и БиХ повеќе отколку обратно. Му кажав на претседателот за нашата политика кон БиХ, која на некои места се совпаѓа, а на некои места се разликува од ЕУ. Што и да кажат во Брисел, ние сме за брзо членство на Босна и Херцеговина во ЕУ. Не треба да чекаме членство, туку веднаш да го дадеме“, рече Орбан.
Тој посочи дека санкциите не даваат резултати и смета дека треба да им се вратат надлежностите на народот.
„Политиката на санкции не дава резултати и гледаме дека е добро што се враќаат повеќе надлежности на народите. Иднината не е во рацете на странците, важно е што е можно повеќе политика да се врати во рацете на балканските народи“, рече Орбан, кој по Сараево патува за Бања Лука на средба со раководството на Република Српска.
Тој посочи и дека Унгарија е земја која ја почитува Босна и Херцеговина и затоа, рече, очекува сигнали за секторите каде што би биле пожелни унгарските инвестиции, како што е сегашниот во воздухопловството.
„Официјалните преговори беа добар почеток и тоа е можност експертите и ресорите да ги продлабочат нашите односи“, рече Орбан и заклучи:
„Унгарија ве почитува вас, политичките намери на БиХ и сака добри економски односи. Со задоволство би прифатиле улога во гарантирањето на балканската безбедност бидејќи сме присутни во ЕУФОР“.
Добивајте ги најновите вести во нашите групи на Вибер и Телеграм и дебатирајте во Телеграм групата за дебата на Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…
ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…