Бомба од Османи: Пратениците стануваат сè погласни, не сакаат да ја изолираат земјата и да слушаат лидер што повеќе мисли кога ќе седне на премиерската фотелја отколку на граѓаните!

t

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, на денешната прес-конференција во МНР истакна дека доколку ВМРО-ДПМНЕ како партија не ги поддржи уставните измени ќе се бараат алтернативни начини.

– Една генерација претходно ја остави Македонија надвор од Хрватска, сега можеби нова генерација ќе ја остави Македонија надвор од Србија, Албанија и Црна Гора. Па после 20 години заедно со Босна ќе кажуваме тука како некој заради лични и партиски интереси спречил влез во ЕУ и не мислел на идните генерации, посочи МНР, Османи.

Тој додаде дека доколку ВМРО-ДПМНЕ не поддржи уставни измени ќе се разговара со пратениците поединечно.

– Разговори со пратениците кои стануват сè погласни дека нема да дозволат нивното име да биде впишано во историјата како луѓе коишто ја изолираа земјата и луѓе коишто ја одземаа европската иднина на граѓаните. Секое семејство кое утре ќе ја напушти земјата ќе биде нивен грев, заради нивната одлука бидејќи слушале некој партиски лидер кој повеќе гледа кога ќе седне на премиерската фотелја отколку кога граѓаните ќе имаат подобар животен стандард. Тоа ние нема да го дозволиме ниту граѓаните ќе го дозволат, истакна Османи.

Добивајте ги најновите вести во нашите групи на Вибер и Телеграм и дебатирајте во Телеграм групата за дебата на Инфомакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

68% од граѓаните би гласале ЗА членство…

68% од граѓаните на Република Македонија позитивно…

Зајкова демантира дека оди во коалиција со…

Лидерката на ЛДП, Моника Зајкова демантира дека…

Орбан: Јас сум единствен кој се бори…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека тој…

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Мицкоски: Обезбедени се 61 пратеник, сега целта…

Можам со задоволство да кажам дека досега…