Д-р. Марјан Шокаровски е назначен за нов директор на државната кардиохирургија
Министерството за здравство информира дека за нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија е назначен Д-р. Марјан Шокаровски, кој е дел од тимот на клиниката уште од нејзиното основање.
Д-р. Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар- Загреб, Хрватска со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицински факултет-Скопје.
Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. Исто така се едуцирал во повеќе земји, како Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгреси.
За нов организациски директор на Клиниката за државна кардиохирургија е назначен Исак Јакупи.
Претходно од позицијата директор на државната кардиохирургија беше разрешен Проф. Д-р. Сашко Јовев, доктор кој е во кардиохирургијата од саомто нејзино основање и врвен професионалец.
Добивајте ги најновите вести во нашите групи на Вибер и Телеграм и дебатирајте во Телеграм групата за дебата на Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инспекција влегува на Кардиохирургија за смртта на…
Министерот за здравство Арбен Таравари му наложил…
ХОРОР! Цел живот плаќал придонеси за да…
Цел живот плаќал придонеси за оваа држава…
Апелација го ослободи Марјан „Доказ“ за обвинението…
Апелациониот суд го ослободил Марјан Стаменковски од…
Демири: Директорите на кардиохирургија и токсикологија се…
Министерот за здравство д-р Илир Демири во…
Антикорупциска: Демири незаконски ги разрешил директорите на…
Антикорупциска комисија ги прифати пријавите дека се…