ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и топло време!
Претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во планинските подрачја ќе има услови за изолирана, но силна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме со услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 19, а максималната од 26 до 35 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува осум.
Во Скопската котлина времето ќе биде сончево и топло. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно во делови од котлината и во вид на невреме. Ќе дува слаб променлив ветер.
За време на викендот ќе има промена на времето, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер повремено во вид на краткотрајно невреме. Дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…