Објавено на:

Арсовска им додели парични награди на кошаркарите од СУГС „Никола Карев“ за освојувањето на Европското првенство

t

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска им го честита големиот успех и им врачи парични награди на кошаркарите од СУГС „Никола Карев“, кои го освоија првото место на Европското првенство во кошарка за средни училишта.

Доделувајќи ги наградите Арсовска ја истакна поддршката на Град Скопје за средноучилишниот спорт преку програми, проекти, стипендии, манифестации и активности, со кои активно се поттикнува развојот на спортот кај младите, кои со своите успеси дополнително го афирмираат градот.

– Европско првенство во кошарка за средни училишта, се одржа од 11 до 16 јуни 2023 година и на истото учество зедоа над 200 средношколци. Тимот на средното училиште на Град Скопје „Никола Карев“ во финалето го совлада тимот од Чешка, освојувајќи златен медал и титула Европски шампион во кошарка за средни училишта за 2023 година, информираат од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…

По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…

Трамп даде по 100 долари на 20…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…