Ковачевски и новиот бугарски премиер Денков изразиле очекување за добра меѓувладина соработка

t

Потребна е конструктивност во пристапот и натамошната соработка меѓу Бугарија и Македонија – нешто што го очекуваат граѓаните на двете земји, но и регионот, Европската Унија и меѓународните партнери.

Ова за време на телефонски разговор претпладнево го нагласиле премиерот Димитиар Ковачевски и неговиот бугарски колега, премерот Николај Денков. Ковачевски и Денков изразиле очекување за добра меѓувладина соработка која ќе биде во интерес на граѓаните и на добрососедските односи.

Ковачевски му го честитал мандатот на Денков и му посакал успешна работа во новоизбраната влада на Бугарија
„Разговарано е за важноста од промоција на позитивната реторика којашто придонесува во меѓусебната доверба, како и од продолжување на динамиката во билатералната агенда и средбите меѓу министрите во владите кои ќе придонесат кон постигнување резултати кои се конкретни и видливи за граѓаните“, нагласиле македонскиот и бугарскиот премиер за време на телефонскиот разговор.

Ковачевски му го честитал мандатот на новиот бугарски премиер и му посакал успешна работа во новоизбраната влада на Бугарија којашто ќе ја предводи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…