БОМБА од Пригожин: ЈА ПОМИНАВМЕ ГРАНИЦАТА, ВЛЕГУВАМЕ ВО РОСТОВ!
Евгениј Пригожин тврди дека Вагнер „влегува во Ростов“.
„Државната граница ја поминавме на сите места. Граничарите излегоа и ги прегрнаа нашите војници. Сега влегуваме во Ростов. Регрутите, кои беа фрлени да ни ги блокираат патиштата, се тргнаа настрана. Ние не сме во војна со децата“, рече Пригожин во новата аудио порака објавена на неговиот канал Телеграм.
Засега нема официјална потврда од руските власти дали војската се судрила со силите на Вагнер и дали информацијата дека Пригожин влегува во Ростов е точна.