Објавено на:

(Видео) Пригожин: Одиме на Москва, Шојгу и Герасимов да нè пречекаат

t

Шефот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, тврди дека неговите единици ја презеле контролата врз градот Ростов на Дон, додека претседателот на Русија се подготвува за вонредно обраќање до јавноста.

Војската шета низ Ростов, а патролираат оклопни возила.

Пригожин кажа дека силите на „Вагнер“ ќе продолжат да го блокираат градот и ќе се движат кон Москва, освен доколку  началниците на одбраната Сергеј Шојгу и Валери Герасимов не дојдат да го пречекаат.

Пригожин тврди дека официјалните власти ги кријат бројките за руските загуби кои се неколку кратно поголеми од тоа што е објавено во јавноста.

Да потсетиме дека војниците на групата „Вагнер“ под контрола на Пригожин тргнаа кон Ростов на Дон, по неговото обвинување дека руската армија ги „уништува“ неговите борци.

Пригожин вети дека ќе го запре „злото“ на военото раководство и го најави „маршот на правдата“ на неговите војници.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…

Руте разговарал со Зеленски за важноста од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…