Објавено на:

Трагедија во Кавадарци: Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишен мотоциклист

t

Загина мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила рано изутрина во Кавадарци.

– Утрово во 01.33 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на улицата „Шишка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н.(33) од Кавадарци, патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(18) од Кавадарци и мотоцикл „априлија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.П.(20) од Кавадарци. Во несреќата мотоциклистот С.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци каде што во 02.20 часот починал, појаснија од МВР.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца полицајци нападнати во Липково

Двајца полицајци вчера биле нападнати во Липково.…

43-годишен битолчанец пронајден починат во автосервис, наредена…

Четириесет и тригодишен жител на Битола бил…

Дете со тешки повреди пренесено во болница,…

На 28.09.2026 во 10:30 часот во СВР…

19-годишен кумановец е уапсен, на улица нападнал…

Тинејџер на возраст од 19 години вчера…