Вагнер е на 500 километри од Москва: Руската авијација “удри” на “одметниците”
Борците на платеничката група „Вагнер“ ја презедоа контролата над сите воени објекти и во рускиот град Воронеж, кој се наоѓа на околу 500 километри јужно од Москва, јавуваат медиумите.
Шефот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, претходно објави дека неговите единици ја презеле контролата врз градот Ростов на Дон. Пригожин соопшти дека силите на „Вагнер“ ќе продолжат да го блокираат градот и ќе се движат кон Москва, освен доколку началниците на одбраната Сергеј Шојгу и Валери Герасимов не дојдат да го пречекаат.
Неофицијално, според информациите на неколку Телеграм канали, руската звијација ги напаѓа “одметниците”.
Во своето обраќање до нацијата, рускиот претседател Владимир Путин рече дека потегот на паравоениот лидер Евгениј Пригожин е „криминална авантуристичка кампања и предавство“ и дека Русија ќе се брани.
Ова е еквивалентно на вооружен бунт. Се бориме за животот и безбедноста на нашите граѓани и за нашиот територијален интегритет. Ова е предавство, рече Путин во обраќањето до јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…