Самсоненко лажно обвинувал бизнисмени затоа што немал пари да гради
Сергеј Самсоненко ја излажа целата македонска јавност кога интервју за „Фокус“ во 2019-та година обвинуваше дека се формирално злосторничко здружување околу неговата компанија „СИС Инвест Груп“ која имала за цел да тој го изгуби објектот во центарот на градот кај поранешниот Офицерски дом.
Самсоненко тврдеше дека корумпирани нотари, адвокати, извршители, судии, стечаен управник, а и негови поранешни блиски соработници сега работат против него со единствена цел да му го одземат деловно-хотелскиот објек во центарот на градот.
Самсоненко го обвини својот прв соработник, управител на „СИС Инвест Груп“, Ратко Капушевски и сопственикот на компанијата подизведувач „Кратер“, Миле Младеновски дека склучиле некакви фалсификувани договори за соработка, вметнувајќи извршна клаузула која ќе резултираше со стечајна постапка за „СИС Инвест Груп“.
Ваквите тврдења на Самсонеко се покажаа како целосно невистинити имајќи во предвид дека никој не му одзеде ниту имотот, ниту бизнисот, а обвинувањата за злосточничко здружување паднаа пред македонските правосудни орган.
Самсоненко поднел до скопското јавно обвинителство кривична пријава против повеќе лица, меѓу кои Капушевски и Младеновски.
Но уште во 2020 година обвинителството ја отфрла оваа кривична пријава како неоснована. Пријавата која е отфрлена е за измама, фалсификувана исправа, лажен исказ, злоупотреба на службена положба и други кривични дела.
Обвинителството констатирало дека не е спорен договорот за деловно-техничка соработка, а не е спорна ниту солеминизацијата на нотар.
Сепак Самсоненко не запрел тука па поднел уште една кривична пријава до обвинителството за гонрење на организиран криминал и корупција која повторно била препратена до скопското јавно обвинителство.
Истата пријава скопското обвинителство повторно ја отфрла со објаснување дека постојат околности кои го исклучуваат гонењето и се посочува дека обвинителството веќе се изјаснило по однос на претходните наводи.
Самсоненко потоа поднесува жалба во Вишото јавно обвинителство кое ја уважува истата.
Сепак по трет пат основното обвинителство во Скопје минатата година одлучува дека не постои основано сомневање дека пријавените ги сториле кривичните дела за кои Самсоненко поднел пријава.
По се изгледа Самсоненко со ваквите пријави се обидел само да купи време бидејќи западнал во сериозни финансиски проблеми кои резултираа со продажба на ФК Вардар и со сериозни проблеми за РК Вардар кој неодамна беше и европски шампион во ракомет.
Oна што е многу интересно е човекот која ја спасува „СИС Инвест Груп“ од банкрот, а тоа милионерот Орце Камчев. Имено за да не отиде компанијата во стечај, компанијата на Самсоненко преминала во доминантна сопственост на компанијата „Камил“ која е со седиште во Бугарија, а ја поседува друштво од Лугано, Швајцарија. Сепак според информациите на „Фокус“ краен сопственик на фирмата е токму милионерот Орце Камчев.
И сега кога реално ги гледаме работите се поставува прашање зошто Самсоненко не најде волја да го спаси како што го спаси својот имот на елитна локација во центарот на градот и фудбалскиот клуб Вардар, но и ракометниот клуб Вардар кој е во тешка финансиска состојба и се доцнат плати со месеци на играчи од светски калибар.
Како што дознаваме на играчите и на дел во вработените во РК Вардар, Самсоненко им должи и по неколку плати кои се вреднуваат во илјадници евра.
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб ФК Вардар во 2018-та се врати под финансиска закрила на Град Скопје, откако дотогашниот спонзор на црвено-црните, Русинот Сергеј Самсоненко, по четири ипол години се „откажа“ од поранешниот македонски првак оставајќи му долг од неколку милиони евра
Од тогаш работите за ФК Вардар тргнаа во надолна линија, а се случи ФК Вардар да замине и во втората лига.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…