Објавено на:

Вучиќ: Путин згреши што му даде моќ на Пригожин, сега го чека тешка задача

t

„Република Србија како сериозна земја никогаш нема да поддржи пуч. Тоа се работи кои не можете да ги дозволите“ рече Вучиќ во телевизиско гостување утринава.

Како што вели, власта се менува на избори, по јасно изразена волја на граѓаните, а не поинаку.

– Ова не е настан што нема да остави последици за ситуацијата на бојното поле во Украина или за внатрешно-политичката ситуација. Мислам дека тоа ќе остави длабоки последици – рече Вучиќ.

Тврди дека вчера биле соборени многу руски хеликоптери, вкупно седум.

-Тоа се вредни хеликоптери, нема под 40 милиони евра… Добро е што штетата не е многу, многу полоша. Заврши благодарение на острата, решителна, јасна реакција на Путин – рече Вучиќ.

Како што нагласи, тоа ќе има големи последици и сега Путин има особено тешка задача.

– Мора да ја подигне мотивацијата на армијата… Ништо од тоа нема да биде лесно – рече Вучиќ и додаде дека верува оти грешката била што на Вагнер му била дадена огромна моќ: Штом ќе фатат милиони луѓе, мислат дека треба да владеат со светот. Тие мислат дека сето тоа го направиле без помош од државата. Можете да замислите како е кога некому ќе му дадете три илјади тенкови, 10 авиони, 150 хеликоптери, сета моќ на светот, што мисли тој човек во одреден момент. Прашањето за одбрана е прашање на државата, се плашам дека Русите повторија многу работи од деведесеттите.

Вучиќ не сакаше да коментира дали ова е евентуалното слабеење на моќта на Путин и дали ова може да влијае на Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…