Вучиќ: Досега се предадени 100 илјади парчиња оружје
Граѓаните на Србија до денеска предале 100 000 „цевки и минско-експлозивни направи“ и четири милиони парчиња муниција, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за ТВ Пинк.
Тој рече дека нема да има дополнително продолжување на времетраењето на акцијата за собирање оружје.
Акцијата за доброволно предавање на нерегистрираното оружје е покрената по двете масовни убиства, во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и во селата околу Младеновац и Смедерево.
Кампањата првично требаше да трае до 8 јуни, но српските власти ја продолжија акцијата во која граѓаните можат илегалното оружје и муниција да ѝ го предадат на полицијата без никакви последици.
Најавено е дека по завршувањето на акцијата ќе следуваат репресивни мерки за оние што оружјето нема да го предадат своеволно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија привремено го повлекува целиот персонал од…
Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…
Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…
Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…