(Фото) Нова мистериозна порака од лидерот на Вагнер: Планирањето бара молчење!
Прекината е кривичната постапка против лидерот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, што ја отвори руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) поради повикување на вооружен бунт.
Откако белорускиот претседател Александар Лукашенко постигна договор со Пригожин за прекин на вооружениот бунт, Пригожин ќе замине во Белорусија.
Портпаролот на Кремљ додаде дека во моментов не знае каде е шефот на „Вагнер“. Според Песков, самиот Лукашенко предложил да разговараат со Пригожин бидејќи се познаваат долго време.
Сите „вагнеровци“ кои одбиле да тргнат кон Москва со Пригожин ќе можат да потпишат договори со Министерството за одбрана на Руската Федерација, како и дека државата нема да ги гони заради нивните заслуги за време на Специјалната воена операција во Украина.
По молкот кој настапи откако Пригожин го напушти Ростов на Дон, на телеграм каналот на „Сива Зона“, канал кој важи за близок до Вагнер беше објавена фотографија од него на која пишува дека „планирањето бара молчење“.

Претходно британскиот генерал Ричард Данат предупреди дека украинските лидери мора да внимаваат на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, оти би можел да го нападне Киев од Белорусија.
„Ако Пригожин задржал ефективна борбена сила околу себе, тогаш тој повторно претставува закана за украинското крило најблиску до Киев, каде што започна војната“, изјави Данат.
Тој тврди дека е сосема можно Русија да ја искористи групата на Вагнер за да се обиде повторно да го заземе Киев. Смета дека немало непосредни „победници“ во вчерашните настани.
„Путин дефинитивно значително ослабе. Руската армија очигледно е во неред“, заклучи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Аксиос“: Неуспешен обид за организирање нов состанок…
Претседателите на САД, Доналд Трамп и Реџеп…
„Билд“: Германската влада ќе обезбеди пари за…
Германската влада ќе обезбеди пари за дополнителни…
Трамп вечерва го собира својот тим за…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва во Белата…
Путин предупредува: Постои зголемен ризик од глобален…
Рускиот претседател Владимир Путин на Меѓународниот економски…
Македонија повторно горда: Парада на гордоста во…
Под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“, денеска во…