ДУИ го искара Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е последната партија што треба да зборува за криминал и корупција

t

ДУИ возврати на нападите од ВМРО-ДПМНЕ денес, во рамките на трибина за криминалот и корупцијата во Македонија, каде што беше означена како партија „канцер“ во државата. Според ДУИ, токму ВМРО-ДПМНЕ е партија синоним за криминал и корупција, а нејзиниот лидер наоколу се фали како точно напамет ги знае сите тендери во општините каде ВМРО-ДПМНЕ раководи.

-Десетици судски случаи се се уште активни против нивни истакнати функционери кои не
успеаа да пребегаат од државата. ВМРО-ДПМНЕ е последната партија што воопшто треба да
зборува на тема криминал и корупција.Мицкоски и неговите соработници рацете во медот ги ставија уште при прво доаѓање на власт, докажувајќи дека од нив друго нема да може да се очекува. ВМРО-ДПМНЕ е партија без идеологија и позиција, со конекции кои стигаат до Кремљ, а единствен интерес е голата желба за власт и профит. Тоа е организација на лажни патриоти кои молат бога некој друг да ги реши проблемите на граѓаните додека тие профитираат со национлаизам и подгревање тензии.

Му порачуваме на Мицковски да престане со измислување афери за ДУИ, лагите нема да му донесат ниту еден глас повеќе, а конфронтирањето со ДУИ нема да му создаде прцепија дека е политичар од прва лига. ДУИ јасно стои на своите ставови и ги поддржува истражните институции да ја завршат својата работа по било кој случај или сомнеж за нерегуларности, пореачаа ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…