ПОЧИНА ПРОФЕСОРКАТА ДОНЕВСКА МАРИА: Веста ја објави Драги Змијанац, основач на „Меѓаши“
Почина професорката д-р Доневска Мариа. Веста ја објави Драги Змијанац, основач на Првата детска амбасада „Меѓаши“, со кој таа често соработуваше на работилниците.
Д-р Мариа Доневска беше доктор по хуманистичките науки на Универзитет во Лоѓ, Полска, 1977 година и доктор по социјалната политика на УКИМ, Скопје, 1994 година. Актуелно, и ако во пензија, член е на докторските Совети во Институтот за социјална работа и политика и Институтот за педагогија на Филозофскиот Факултет во Скопје. Нејзиниот фокус во науката е теорија и методи на социјалната работа, сиромаштвото и социјалната исклученост, и волонтерството. Д-р Доневска има пет самостојно објавени книги, главен уредник и коавтор е на шест книги. Освен тоа, Доневска е автор на 120 публикации во Македонија и другите земји. Координатор на домашните и странските проекти од област на социјалната политика. Под нејзиното менторство докторирале 4 лица, а 15 се здоби со магистерското звање. Визитинг професор на Уиверзитетот во Ниш, Србија и во на Отворениот Универзитет во Варна, Бугарија каде предавала Теорија и методи на социјалната работа. Била член на првата Комисија за лиценцирање на лица вработени во социјална заштита со пет годишен мандат. Д-р Доневска е член на редакциските одбори на двeтe списанија, почесен член на Собранието на Граѓанско Здружение – Меѓаши, член на Одборот на Граѓанското Здружение ХОПС и консултант на организацијата Паблик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…
НАТО се откажа од одржувањето на самитот…
Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…
Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…
Во просториите на Општина Тетово се одржа…
ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…
Пријавени се проблеми во работењето на услугите…
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…