Лајчак: Три барања остануваат на сила – деескалација, нови избори и спроведување на Охридскиот договор
„Во име на ЕУ, на двете страни им ги претставивме нашите јасни очекувања, фокусирани на три елементи: деескалација, нови избори на север и враќање на имплементацијата на Охридскиот договор. Во наредните денови ќе останеме во близок контакт со двете страни, а ние исто така внимателно ќе ги следиме случувањата на теренот“, изјави специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу „Косово“ и Србија, Мирослав Лајчак.
Лајчак додава дека во текот на неделата во САД се сретнал со американскиот потсекретар Викторија Нуланд и со советникот на Стејт департментот Дерек Шол.
„Споделивме заедничка оценка за ситуацијата на северот на Косово. Ја истакнавме важноста од итна деескалација и враќање на дијалогот со ЕУ“, напиша Лајчак на својот Фејсбук профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…
Во рамките на апелот на Црвениот крст…
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…