Објавено на:

Тројца албански полицајци уапсени во Србија пуштени да се бранат од слобода

t

Претходниот совет на Вишиот суд во Краљево го потврди обвинението против тројца косовски полицајци и донесе одлука со која на обвинетите им е укинат притворот.

Албанските полицајци Рифат Зека, Беќир Сефи и Мустафа Шеми беа уапсени на 14 јуни на територијата на централна Србија, а денеска се појавија пред судот во Краљево. Сите тројца биле во целосна воена опрема во моментот на апсењето, вооружени со три автоматски пушки, муниција, мапи, ГПС уреди и друга опрема.

Ним првично им беше одредена мерка притвор од 30 дена, а сега се пуштени да се бранат од слобода.

Потврдуваме дека тројцата киднапирани полицајци се ослободени. Иако сме среќни што се вратија кај семејствата, ова киднапирање е сериозно кршење на човековите права и мора да биде опоменат. На српската агресија мора да се одговори“, напиша косовскиот премиер, Албин Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска за денес најави објавување докази за…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…